Достапни линкови

Почина јапонско-американската активистка Јури Кочијама


Јапонско-американската активистка за граѓански права, Јури Кочијама, почина во Калифорнија на 1 јуни на 93-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Меѓу нејзините главни достигнувања во 50-годишната работа, е договорот на американскиот Сенат да им плати репарации и да им се извини на Американците од јапонско потекло и на другите кои беа интернирани во Втората светска војна врз основа на нивното етничко потекло. Кочијама беше родена во Калифорнија во јапонско-американско семејство од средната класа. Таа и нејзиното семејство две години живееле во интернација во Арканзас за време на Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG