Достапни линкови

logo-print

Ќе се подобрува социјалниот живот во руралните средини


Со проектите нема да се решаваат инфраструктурни прашања, туку прашањата од социјалниот живот, подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, туризам, економски развој и земјоделие.

Центарот за развој на Североисточен плански регион со поддршка на УСАИД оформи локални акциони групи за соработка и заедничко здружување помеѓу бизнис и невладиниот сектор и индивидуалните земјоделци во трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричино.
Ние настојуваме да го активираме и да го анимираме локалното население кое има земјиште во еколошки чиста средина за производство на здрава храна, тука се и археолошки наоѓалишта и други услови да заживее целиот регион.


„Со донесување Закон за локални акциони групи ќе можат наведените да направат два микрорегиони се здружуваат и да направат заеднички проекти во лидер програма, со која заеднички ќе аплицираат и ќе добиваат средства“, вели координаторот Младен Протиќ и додава дека потенцијални добитници на овие средства се од руралните средини.
Марјан Мисевски од Куманово.

Марјан Мисевски од Куманово.


Бенефити на аплицирање на проекти се групни. Идејата ќе биде на луѓето кои ќе бидат здружени. Има искуство од други држави, нема од други општини. За сега само пилот проект има во Пелагонија, ресенскиот регион кој има добиено два проекта. Во Општината Старо Нагоричино во програмата е вклучено Здружението „Кокино гнездо“, а претставникот Марјан Мисевски сопственик на фирмата „Порта Кокино“ вели:
Нема да се решат инфраструктурни прашања, туку прашањата од социјалниот живот, подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, туризам, економски развој и секако земјоделие.

„Планираме во Општината Старо Нагоричино да направиме спортско- рекреативен центар, повеќе години работиме на добивање дозволи за изградба на хотел, бунгалови, езеро. Меѓутоа поради поплавите преземавме чекори над мостот кај селото Драгоманце да го спречиме тоа во иднина. Имаме проблеми со администрацијата, но се надевам дека ќе ги надминеме. Инаку, Општината Старо Нагоричино е прекрасна и има повеќе опции. Има прекрасни чисти води, планина. Ние настојуваме да го активираме и да го анимираме локалното население кое има земјиште во еколошки чиста средина за производство на здрава храна, тука се и археолошки наоѓалишта и други услови да заживее целиот регион.“

Лидер програмата претставува посебна мерка на ЕУ од ИПА програмата според која Македонија ќе биде кредитирана во наредниот период. Ова не е едносекторска програма, туку опфаќа повеќе сектори, како на пример, туризам, земјоделие, култура, а идеите треба да потекнуваат од локалното население.

„И понатаму ќе се организираат работилници и обуки за тоа локално население кое што ќе претставува основно јадро на таа локална акциона група која ќе биде регистрирана како правен субјект, за да може да користи донации и средства и од националните програми, но и од амбасади и други. Идејата е да се направат што повеќе помали проекти. Нема да се решат инфраструктурни прашања, туку прашањата од социјалниот живот, подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, туризам, економски развој и секако земјоделие“, вели Владимир Величковски проектен координатор во Центарот за развој на Пелагониски регион и додава дека една од целите е и младите да се вклучуваат во овие проекти и да не ги напуштаат руралните средини.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG