Достапни линкови

Дневен печат - Медиумски состојби и преговори за нова влада


Интервјуто на премиерот Никола Груевски за државната новинска агенција МИА, во коешто меѓу другото зборува за состојбата со медиумите, наиде на бројни реакции во јавноста.

Поројниот дожд што го зафати Скопје пред некое време брзо го заборавивме, но дури сега излегуваат информациите дека новоградбите од проектот „Скопје 2014“ имале големи проблеми со него: Слободен печат објави дека музеите, но и Уставниот суд биле поплавени; Археолошкиот музеј, на пример, бил под вода до колена и четири дена без струја.
Сите извештаи на релевантните европски и меѓународни институции покажуваат дека слободата на медиумите во Македонија е сè повеќе ограничена и не е случајно што земјава е на 123 место на меѓународното рангирање.

Изјавата на премиерот Груевски дека приказната со слободата на медиумите е еден надуен балон од опозицијата, кажана во интервјуто на премиерот што го пренесоа и Дневник и Вечер, предизвика лавина реакции во медиумските кругови, објави Утрински. Покрај Здружението на новинарите на Македонија, на ова реагира и Кирстен Шонефелд, менаџер на германскиот проект Форум: Цивилен Мировен Сервис, која изјави дека „Сите извештаи на релевантните европски и меѓународни институции покажуваат дека слободата на медиумите во Македонија е сè повеќе ограничена и не е случајно што земјава е на 123 место на меѓународното рангирање“.
СДСМ ќе се соочи со влада која ќе работи како изборите да се утре!

Исто така Утрински пренесува и дека новинарите ќе ја бараат правдата во Стразбур, по одлуката на Уставниот суд дека насилното исфрлање на новинарите на 24 декември е сторено заради нивна безбедност. Слободен печат ја пренесува изјавата на Насер Селмани, претседател на ЗНМ, дека „одлуката е скандалозна, апсурдна и крајно опасна за демократијата“.

Вечер се интересира „Што по оставките во Собранието од страна на опозицијата?“ и загатнува: „Нови избори во септември?“

Истиот весник од интервјуто на Груевски за МИА ги пренесува неговите зборови дека: „СДСМ ќе се соочи со влада која ќе работи како изборите да се утре!“

Од друга страна, сè уште не излегуваат никакви информации за преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу ресорските места во владата. Утрински ја пренесува изјавата на генералниот секретар на ДУИ, Адеми, дека „Нема конечна одлука за поделбата на ресорите“, а Дневник насловува: „Имињата на новите министри остануваат тајна“.

„Немир наместо душевен мир на Плаошник“ - оди со наслов Утрински, информирајќи дека и по шест месеци никој не знае што виде УНЕСКО во Охрид, бидејќи надлежните тврдат дека сè уште не е пристигнат извештајот од експертската комисија која престојуваше во градот во декември лани.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG