Достапни линкови

Ахмети: Блиску сме до решение на спорот со Грција за името


Актуелниот претседател на ДУИ Али Ахмети доби уште еден четиригодишен мандат на чело на партијата.
Ахмети го поддржаа 657 делегати, колку што присуствуваа на денешниот трет конгрес на партијата што се одржа во Тетово.
Во својот едночасовен говор по изборот, Ахмети ја оцени евроатлантската интеграција на државата како врвен приоритет што ќе гарантира мир, стабилност, добри меѓуетнички односи и економски напредок.
- Значително ќе се ангажираме на септемврискиот самит на НАТО да се случат добри работи за нас. Се повлековме од една значајна точка околу употребата на јазиците за да се насочиме за овие процеси. Не сме далеку од решение и компромис околу спорот со името со Грција, но за тоа ни е потребен решавачки ангажман на меѓународната заедница и постигнување на етнички консензус со нашите партнери во земјата, изјави Ахмети.
Тој го повтори нивниот предлог за консензуален претседател како можност за нова клима во меѓуетничките односи.
Според него, Македонија сега е држава со две одвоени општества, што не е добро.
XS
SM
MD
LG