Достапни линкови

Селмани го информирал Даниелсон за состојбата со медиумите


Најдобар начин Македонија да излезе од сегашната состојба е земјата во најскоро време да ги започне преговорите за членство во ЕУ, истакнал претседателот на ЗНМ Насер Селмани на денешната средба со генералниот директор на Директоратот за проширување при Европската комисија, Кристиан Даниелсон.
На средбата со Даниелсон, која, ЗНМ ја оцени како многу корисна и конструктивна, Селмани изразил загриженост за состојбата со слободата на изразувањето во Македонија. Потребно е, според него, да се преземат итни мерки за решавање на постојните проблеми бидејќи постои голема опасност состојбата уште повеќе да се влоши.
XS
SM
MD
LG