Достапни линкови

Обама - Камерон: Москва да соработува со Порошенко


Американскиот претседтел Барак Обама ја повика Москва да соработува со новиот претседател на Украина Петро Порошенко. По разговорите со британскиот премиер Дејвид Камерон во Брисел, Обама истакна дека инаугурацијата на Порошенко на 7-ми овој месец е шанса што Русија треба да ја искористи. Камерон од своја страна нагласи дека дестабилизацијата на Украина мора да запре. Обама денеска заминува за Париз, каде што ќе разговара со францускиот претседател Франсоа Оланд, кој пак, вечер ќе има одвоена средба и со рускиот претседател Владимир Путин.
Инаку, на крајот од дводенвниот самот на Г-7 во Брисел, претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо изјави: Г-7 е единствена зад Украина, и политички и економски.
XS
SM
MD
LG