Достапни линкови

Европската Централна Банка ги сведе на нула каматните стапки


Европската Централна Банка ги намали двете клучни каматни стапки со цел да го стимулира економскиот раст и да се избегне дефлацијата во евро-зоната. За прв пат, каматите на депозитите се под нула, односно минус 0,1 отсто, што треба да ги стимулира банките да не ги чуваат парите, туку да ги инвестираат. Економијата во евро-зоната бележи многу слаб раст од 0,2 отсто, а инфлацијата падна на 0,5 отсто во минатиот месец, додека невработеноста достигна речиси 12 отсто. По веста од ЕЦБ, еврото падна на најниско ниво во последниве 4 месеци, а вредноста европските акции порасна.
XS
SM
MD
LG