Достапни линкови

Заев и Шекеринска се сретнаа со Филе


Претседателот и заменик-претседателот на СДСМ Зоран Заев и Радмила Шекеринска денеска во Брисел имаа средба со комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.
Според соопштението од СДСМ, на средбата се разговарало за „наодите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР која што констатирала спојување на партијата и државата, партизирано судство, пристрасни медиуми, партизирани институции, отсуство на фер натпревар“.
- Заев и Шекеринска на средбата истакнаа дека токму тоа се причините за непризнавање на изборниот процес и за неучество на опозицијата во Парламентот. Тие укажаа дека опозицијата е целосно свесна за тежината на ваквата одлука, но дека власта е таа којашто спречува да дојде до израз вистинската волја на гласачите. Воедно, беше изразена подготвеност опозицијата да почне преговори со власта за формирање техничка влада и за механизми што ќе овозможат слободни, фер и демократски избори, се вели во соопштението од СДСМ.
XS
SM
MD
LG