Достапни линкови

Средба Попоски - Даниелсон


Во фокусот на денешните разговори меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и генералниот директор на ЕК за проширување Кристијан Даниелсон биле напорите да не се дозволи поединечни деструктивни политички практики да носат штета на државата и евроинтеграциите, приоритетите во реформите, чекори за градење позитивна клима со Грција.

Министерот Попоски, како што соопшти МНР, го истакна неодамнешното испраќање на исцрпен пакет документи со статистички показатели и анализи за функционирањето на правосудството со очекување дека тие соодветно ќе бидат проучени и рефлектирани при подготовката на редовниот есенски Извештај за напредокот на Европската комисија.

Притоа потврди дека Македонија ќе продолжи да биде посветена на реформската агенда и напорите за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ.
XS
SM
MD
LG