Достапни линкови

Честитки по повод инаугурацијата на претседателот Иванов


По повод инаугурацијата и реизборот на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, писма со честитки му испратија голем број државници меѓу кои генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и претседателите на САД, Кина, Грција, Албанија и Европскиот совет, се вели во денешното соопштение од кабинетот на претседателот. „Охрабрен сум од вашата постојана заложба за добрососедски односи и градење на мостови на пријателство и соработка во регионот, пишува Бан Ки Мун. Американскиот претседател Барак Обама пак, поздравувајќи го придонесот на Македонија во Авганистан, наведува: „Вашиот нареден мандат дава можност за зајакнување на напорите на Македонија во делот на спроведувањето на реформите кои се неопходни за евро-атлантските интеграции“.
XS
SM
MD
LG