Достапни линкови

Промовирана Единица за јавен ред и мир и интервенции


министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Во Центарот за обука во Идризово денеска беше промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции, во рамки на полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје. Основната функција на единицата, во чиј состав се 207 лица, е да се грижи околу воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем со цел заштита на животот и имотот на граѓаните односно ќе се грижи околу одржување на јавниот ред и мир на јавни собири, протести, митинзи, штрајкови, но и други форми на незадоволства на граѓани искажани преку организирани или неорганизирани јавни собирања. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска,потенцира дека во првото тримесечие од 2014 година регистрирани се вкупно 325 прекршоци од областа на јавниот ред и мир за разлика од истиот период лани, кога беа регистрирани 830 прекршоци.
XS
SM
MD
LG