Достапни линкови

Москва со критики до самитот на Г7


Рускиот премиер Дмитри Медведев ја критикуваше изјавата на лидерите на Г7 кои во Брисел остро го осудија руското мешање во украинските суверени работи. Тој на денешната седница на владата како циничен го оцени повикот на Г7, украинските власти да го задржат одмерениот одговор на бунтот на сепаратистите во источна Украина. Според него, украинските власти лажат дека немало бегалци од таа земја. „Секој ден во областа на Ростов доаѓаат бегалци од Украина“, изјави Медведев.
XS
SM
MD
LG