Достапни линкови

Два света, два погледа, а само една земја. Како на состојбите во Македонија гледа премиерот Никола Груевски а како Македонија ја оценуваат надвор.

Владата нема влијание врз судството, медиумите се слободни, изборите поминаа без посериозни забелешки, а досието на Македонија во однос на исполнувањето на основните демократски критериуми е чисто, проблемот е само името. Ова е вистината според тврдењата на премиерот, владините преставници, дел медиуми и експерти.
Мислам дека е јасно дека се создаваат два различни света, затоа што тоа го прават владата и владините мегафони, медиумите и тие создаваат слика дека во медиумите сè е мед и млеко.


Но, според европските политичари, институции и организации реалноста е поинаква. Слободата на медиумите драстично паѓа, судството не е независно, а се почесто се слушаат забелешки дека Македонија има проблем со исполнувањето на основните копенхагенски критериуми.

Има два паралелни различни света, еден во кој живееме според странците и еден во кој сме според она што се презентира во домашната јавност, коментира аналитичарите. Според претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани, Владата не ги прифаќа, а како што вели не ниту подготвена да ги прими забелешките однадвор и да ги поправи работите.
Очигледно дека ние се движиме некаде по погрешен пат, до нас не стигнуваат нивните смерници, јасно е дека ќе си останеме таму кај што сме.

„Мислам дека е јасно дека се создаваат два различни света, затоа што тоа го прават владата и владините мегафони, медиумите и тие создаваат слика дека во медиумите дека сè е мед и млеко“, оценува Рамадани.

Комуникологот Климе Бабунски, пак, оценува дека цената од креирањето на таква слика веќе се плаќа бидејќи оној кој не знаел каде оди бил на погрешниот пат. Од аспект на изворите на информирање, што се презентираат во јавноста, оценува Бабунски има еднолична структура.

„Кои гласови допираат до нас, дали само гласот на владејачката партија или гласовите на опозицијата, дали гласовите на релевантните институции и аналитичари од надвор кои одлуката за тоа дали заостануваме или не заостануваме во голема мера ќе се темели врз нивните аргументи и нивните анализи . Очигледно дека ние се движиме некаде по погрешен пат, до нас не стигнуваат нивните смерници, јасно е дека ќе си останеме таму кај што сме“, вели Бабунски.

И додека Македонија со години е во чекалницата на евроатланските институции и од нив добива се почести забелешки за регрес наместо прогрес, Албанија е новата земја кандидат за влегување во Европската Унија. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе отпатува во Тирана за да им го соопшти тоа лично. Што се однесува до Македонија пораката од Брисел неодамна ја пренесе евроамбасадорот Аиово Орав. Прашањето за името не е единствениот проблем, соопшти тој, а земјата во споредба со минатите години забележува назадување.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG