Достапни линкови

Борби во регионите на Луганск и Доњецк


Два контролни пункта на украинската армија во регионот на Луганск денеска биле нападнати од проруски сеператисти. Има извештаи за повредени и на двете страни, јавуваат новинските агенции. Украинската војска денеска, како што е соопштено во Киев, успеала да уништи и голем арсенал на оружје на проруските милитанти во близина на Словјанск, во регионот на Доњенцк. Украинските власти соопштија дека ја продолжуваат антитерористичката операција во која досега, според Киев, загинале над 300 сепаратисти во источна Украина. Ова е демантирано од сепаратистите.
XS
SM
MD
LG