Достапни линкови

Израел ќе гради нови илјада доселенички домови


Израелското радио јави дека Министерството за домување распишало тендер за илјада нови домови за еврејски доселеници на Западниот Брег, територија која палестинците сметаат дека ќе биде дел од нивната идна држава. До ова дојде откако беше формирана влада на палестинско единство меѓу Фатах на претседателот Махмуд Абас и исламистичкиот Хамас. Соединетите држави соопштија дека планираат да соработуваат со новата влада, а Израел изрази длабока разочараност поради тоа.
XS
SM
MD
LG