Достапни линкови

logo-print

Путин: подобро е да не се расправаш со жена


Владимир Путин и Хилари Клинтон на самитот на АПЕК во Владивосток, 2012 година.

Владимир Путин и Хилари Клинтон на самитот на АПЕК во Владивосток, 2012 година.

Рускиот претседател Владимир Путин одговори на поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон која неговите акции на Крим ги спореди со акциите на Хитлер. „Подобро е да не се расправаш со жена“, изјави Путин за француското радио „Европа 1“ додавајќи: „Но, Клинтон никогаш не била суптилна во нејзините изјави. Кога луѓето ја преминуваат границата, тоа не е бидејќи се силни, туку дека се слаби. Но, можеби слабоста не е најлош квалитет за една жена“. Хилари Клинтон се смета за водечки кандидат за претседател на Демократската партија за изборите во 2016 година, иако таа досега нема донесено одлука за тоа.
XS
SM
MD
LG