Достапни линкови

logo-print

Во Тетово, трет конгрес на ДУИ


Демократската унија за интеграијца денеска во Тетово ќе го одржи третиот изборен Конгрес, на кој 675 делегати ќе изберат претседател и Централен одбор на партијата, а ќе биде усвоен и партискиот статут и програма. Според генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми засега има еден кандидат за претседател на ДУИ, но не се исклучува можноста денеска на конгресот од страна на делегатите да биде предложен некој друг, бидејќи тие ја имаат таа можност според статутот и деловникот. Адеми вчера најави дека по денешниот Конгрес за неколку месеци ќе се одржи уште еден на кој тематски ќе се расправа за политиките и стратешките цели на ДУИ, Албанците и државата.
XS
SM
MD
LG