Достапни линкови

logo-print

Даниелсон се сретна со претставници на власта и на опозицијата


Директорот на директоратот за проширување на Европската Комисија Кристијан Даниелсон кој допатува во Скопје вчера, имаше средби со претставници од власта и од опозицијата. Главна тема беше политичката ситуација по изборите . Во соопштението по средбата на Даниелсон со премиерот Никола Груевски, се наведува дека европската интеграција останува стратешка определба и дека Владата внимателно ги анализира прелиминарните наоди на ОБСЕ за изборите и сите препопраки ќе ги земе предвид. На средбата била истакната потребата од институционален дијалог и политички дебати во рамките на институциите со учество на сите политички фактори.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со Даниелсон ја критикуваше опозицијата за нејзините потези.

-Опозицијата нема да има никаков бенефит од оставките. Требаше да даде своја понуда за ситуацијата и така можеше да добие повеќе поддршка од другите партии, изјави Али Ахмети.

Даниелсон се сретна и со лидерот на СДСМ Зоран Заев, Според партиското соопштение од СДСМ, на средбата станало збор за изборите во Македонија, извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

-СДСМ е цврсто решена да обезбеди слободен израз на волјата на избирачите, тоа го очекуваат граѓаните од најголемата опозициска партија и ние сме подготвени да ги употребиме сите демократски механизми тоа да се случи, рекол Заев.

Оценките на шефот на европскиот директорат за проширување Кристијан Даниелсон ќе бидат содржани во извештајот на Европската Комисија наесен.
XS
SM
MD
LG