Достапни линкови

Г-7 за построги санкции против Русија


Групата Г-7 објави дека е подготвена да преземе построги санкции против Русија, ако немирите во источниот дел на Украина не се стават под контрола. Лидерите на Г-7 издадоа писмена изјава по работната вечера во Брисел.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Западот повторно ќе провери дали има напредок во смирувањето во источна Украина, каде што владините сили се борат со сепаратистите.
Кризата во Украина се очекуваше да биде во фокусот на работна вечера каде лидерите разговараа за политичката подршка за Украина и можноста од дополнителни санкции против Русија. Русија требаше да биде домаќин на самитот во одморалиштето Сочи на Црното Море, но лидерите на Г -7 подоцна одлучија состанокот да биде во Брисел, како казна за анексијата врз Крим.
XS
SM
MD
LG