Достапни линкови

Асад победи на изборите


Башар ал-Асад е реизбран за претседател на Сирија. Асад освоил речиси 89 проценти од гласовите,а другите двајца кандидати имале значително помалку гласови. Гласањето се одржа вчера само во областите кои се под контрола на силите лојални на Асад. Изборите кои се одржаа во услови на граѓанска војна во Сирија, опозицијата ги оцени како фарса, а критики имаше и од САД. Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека со изборите не се промени ништо во Сирија. Конфликтот е ист, теророт е ист, убиствата се исти , рече Кери.
XS
SM
MD
LG