Достапни линкови

logo-print

ЕУ: Бугарија има еден месец да го одложи „Јужен тек“


Европската комисија денеска во Брисел соопшти дека бугарската влада треба во рок од еден месец да ја одложи изградбата на гасоводот за руски гас „Јужен тек“. Комисијата оцени дека Софија со овој гасовод ги крши прописите за внатрешна трговија на Европската унија, поради што може и да биде казнета. Бугарија се уште има можност да ги изнесе своите аргументи за продолжување на работите околу овој гасовод со кои Русија ја одбегнува Украина за пренос на гас до Европа.
XS
SM
MD
LG