Достапни линкови

logo-print

Порошенко најави мировен план за Украина


Петро Порошенко и Барак Обама во Варшава, 04.06.2014.

Петро Порошенко и Барак Обама во Варшава, 04.06.2014.

Новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко денеска во Варшава изјави дека по неговата инаугурација на 7 јуни ќе обелодени мировен план. Во него, како што рече, ќе биде вклучена децентрализација на власта, како и амнестија и локални избори. Тој додаде дека за планот денеска разговарал со лидерите на Соединетите држави, Канада и Европската унија. Порошенко најави дека ќе присуства на церемониите по повод 70 годишнината од сојузничката инвазија на Нормандија, но додаде дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG