Достапни линкови

logo-print

Меркел: Путин има влијание врз сепаратистите во Украина


Германската канцеларка Ангeла Меркел во денешното обраќање во Бундестагот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин има решавачко влијание врз проруските сепаратисти и може да ги убеди да се откажат од насилство, да го предадат оружјето и да ја запрат окупацијата во источниот дел на Украина. Според Меркел, тоа е единствениот пат за враќање кон мирно решение на кризата. „Ако тоа не се случи, тогаш ние нема да се колебаме да воведеме натамошни санкции против Русија“, изјави Меркел.
XS
SM
MD
LG