Достапни линкови

На лидерот на Златна зора му е одземен пратеничкиот имунитет


Николас Михалолиакос

Николас Михалолиакос

Грчкиот парламент денеска гласаше за укинување на пратеничкиот имунитет на шефот на партијата Златна зора Николас Михалолиакос кој е во притвор, и кој се соочува со ново обвинение за илегално поседување оружје. Тој и двајца членови на оваа националистичка партија беа доведени на пленарната седница на парламентот на која се расправаше за укинување на нивниот имунитет. Михалолиакос жестоко се бранеше дека бил невин.
XS
SM
MD
LG