Достапни линкови

Тероризмот - главен безбедносен предизвик на Западен Балкан


Меѓународна конференција Македонија и Балканот 100 години од Првата светска војна - безбедност и евроатлански интеграции што се одржува во Охрид.

Меѓународна конференција Македонија и Балканот 100 години од Првата светска војна - безбедност и евроатлански интеграции што се одржува во Охрид.

Тероризмот останува главен безбедносен предизвик за земјите од Западен Балкан е оценка на дел од учесниците на 5-тата меѓународна конференција Македонија и Балканот 100 години од Првата светска војна - безбедност и евроатлански интеграции што се одржува во Охрид.

Регионот на Западен Балкан сè уште се соочува со голем број безбедносни предизвици, но тероризмот останува главна закана е оценка на дел од учесниците на 5-тата меѓународна конференција Македонија и Балканот 100 години од Првата светска војна - безбедност и евроатлански интеграции што се одржува во Охрид.
Границите денес полека бледнеат, бидејќи организираниот криминал и тероризам функционираат на териториите на повеќе држави.

Професорот на Полициско криминалистичката академија во Белград, Младен Бајагиќ, вели дека кога се зборува за тероризмот, повеќе нема внатрешен тероризам.

„Границите денес полека бледнеат, бидејќи организираниот криминал и тероризам функционираат на териториите на повеќе држави. Без разлика каде се лоцирани, според некои експертски извештаи, некои ограноци на терористички организации се закана и за целиот регион. Ниту Србија, а сметам и Македонија нема активна непосредна закана од тероризмот, иако во БиХ тероризмот е таков проблем кој лесно и многу брзо се прелива преку границите“, вели Бајагиќ.
Македонија ги исполнува критериумите кои се барани, но прашањето за името ќе мораме сигурно да го решиме, бидејќи тоа е влезница за нашите европски интеграции.

Оливер Бачановиќ, Декан на Факултетот за безбедност во Скопје, очекува дека безбедносната ситуација во регионот ќе се подобрува.

„Патот на интегрирање на регионот и патот кон евроатланските интеграции ни дава за право да веруваме дека безбедносната ситуација во регионот ќе биде надмината со ова што досега се случува. Онаа синтагма за Западен Балкан како буре барут сè повеќе треба да се надминува. Македонија ги исполнува критериумите кои се барани, но прашањето за името ќе мораме сигурно да го решиме, бидејќи тоа е влезница за нашите европски интеграции“, вели Бачановиќ.

Професорот Бајагиќ смета дека регионот мора да развие и подобри концепти на соработка.

„Солидарноста која државите ја покажаа во поплавите кои се случија во регионот во месец мај го покажува високиот степен на солидарност и некој заеднички идентитет на сите држави и граѓани од регионот. Тие се добар пример за креаторите на политиките во регионот да почнат да развиваат некој нов вид и висок степен на соработка, бидејќи тоа ни е потребно. Ако успееме овде да развиеме сериозни методи на соработка во безбедноста, тогаш сме подготвени да влеземе во системот на надворешната безбедносна политика. Тоа ќе биде услов да станеме и членка на ЕУ“, рече Бајагиќ.

Секоја држава си гради своја безбедносна политика, но едно од виталните прашања за Македонија треба да биде членството во НАТО и ЕУ, вели професор Томе Баткоски од Факултетот за безбедност во Скопје.

„Македонија граничи со три држави кои се членки на НАТО, Албанија, Грција и Бугарија. Според тоа, нејзин природен сојузник треба да биде НАТО. Тоа е нејзина стратегиска цел. Истото е и кога станува збор за ЕУ. Димензионирањето на силите, средствата и методите на планот на реализацијата на стратегиските цели зависи од стратешката поставеност на секоја држава“, вели Баткоски.

Заклучоците од конференцијата ќе бидат доставени до надлежните институции во регионот со цел да се направи, како што велат, чекор напред во однос на безбедносните предизвици.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG