Достапни линкови

Путин: подготвен сум да разговарам со Обама


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен на дијалог со американскиот претседател Барак Обама, додавајќи: „На него е да избере“. Ова тој го рече во интервју за француската телевизија пред неговата посета на Франција на одбележувањето на 70 годишнината од сојузничката инвазија на Нормандија во Втората светска војна. Путин ја обвини американската администрација за лицемерност во нејзините, како што рече, агресивни обиди да ја изолира Русија околу украинската криза. Тој повтори дека немало руски војници или руски инструктори во источниот дел на Украина каде што владините сили се борат против проруските сепаратисти.
XS
SM
MD
LG