Достапни линкови

Албанија доби препорака за кандидатски статус


Европската комисија даде позитивен извештај за напредокот на Албанија и препорача Советот на министери на ЕУ да и дадe кандидатски статус.

Ова, како што јави МИА , е резиме од денешниот престој на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и неговата средба со премиерот Еди Рама.

Албанија продолжи со неопходните реформи кои се поврзани со ЕУ, поточно со кандидатскиот статус, забележа значајни легислативни реформи во борба против организираниот криминал и позитивни резултати во борбата против шверцот со дрога и други сериозни област и има потреба за длабоки реформи во правосудството , стои меѓу другото во извештајот за напредокот.

Врз основа на заклучоците во Извештајот, Комисијата препорачува Советот на ЕУ да и даде на Албанија кандидатски статус без никакво двоумење.
XS
SM
MD
LG