Достапни линкови

НАТО - дел од руските трупи останаа близу украинската граница


Kомандантот на НАТО во Европа Филип Бридлав изјави дека Русија повлекла поголем дел од војниците од украинската граница, но дека изгледа оти има има намера да остави еден дел од нив.

Ројтерс го цитира американскиот генерал Бридлав дека изјавил оти руските нерегуларни сили и се многу активни во источна Украина како и нивното финансирање.

Според Бридлав, сите чекори се преземени од страна на НАТО за зајакнување на своите членки во Источна и Централна Европа ќе се усогласат со договорот НАТО - Русија од 1997. Тој ја обвини Москва за прекрши тој пакт , кога ја мина границата на суверена држава и анектираше нејзин дел.
XS
SM
MD
LG