Достапни линкови

logo-print

САД - Кина да даде отчет за настраданите на Тјенанмен


САД ги повикаа кинеските власти да дадат отчет за убиените, затворените и исчезнатите продемократски демонстранти по протестите на плоштадот Тјенанмен пред 25 години.

Кинеската влада никогаш не соопшти за настаните кога војници поддржани од тенкови го пробиваа патот кон центарот на градот, при што загинаа стотици невооружени демонстранти и случајни минувачи.

Портпаролот Џеј Карни изјави дека САД секогаш ќе ги подржуваат основните слободи. Карни ја пофали Кина за "вонредниотекономскиот напредок", но го повика Пекинг да ги гарантира "универзални права и основните слободи" на сите свои граѓани.
XS
SM
MD
LG