Достапни линкови

Украина - убиени 6 милитанти во текот на ноќта


Националната гарда на Украина соопшти дека нејзините сили морале да ја напуштат воената база во источниот град Луханск откако по 10-часовна престрелка со про-рускиот сепаратисти им снемало муниција.

Се наведува дека околу 300 про руски сепаратисти го нападнале полкот во раните утрински часови. Во престрелките шест милитанти биле убиени, а 20 ранети.

На украинска страна, три украински војници беа повредени. Борбите во источна Украина се интензивираа минатата недела, со нападот на бунтовниците врз аеродромот во Доњецк и врз гранична полиција кај Луханск.
XS
SM
MD
LG