Достапни линкови

Лидерите на Г-7 ќе разговараат за нови санкции против Русија


Лидерите на Групата седум (Г7) водечки индустриски земји се очекува да ја потврдат нивната подготвеност за интензивирање на санкциите против Русија во врска со нејзините акции во Украина на средбата што ќе се одржи денеска и утре во Брисел. Самитот, чиј домаќин е Европската унија беше првобитно планирано да биде средба на Г-8 во руското црноморско одморалиште Сочи, но беше презакажан како Г-7 самит во Брисел откако Русија го припои Крим во март. Дипломатски извори во Брисел рекоа дека додека лидерите на Г7 се подготвуваат да ја потврдат својата посветеност со наметнување дополнителни санкции против Русија ", ако тоа го налага ситуацијата," приоритет во моментов им с едава на "дипломатските и политички напори" за решавање на кризата во Украина. Тие одбија да кажат какви санкции понатаму можат да предизвикаат руските акции ,велејќи дека ова е прашање за кое треба да одлучат лидери .
XS
SM
MD
LG