Достапни линкови

logo-print

Порошенко на средба со Обама во Варшава


Американскиот претседател Барак Обама ќе се сретне со новоизбраниот претседател на Украина, Петро Порошенко. Средбата во Варшава доаѓа еден ден откако Обама вети дека ќе потроши 1 милијарда долари за да испрати поголем број американски трупи во Европа. НАТО ја обвини Русија дека стои зад бунтот во источна Украина, обвинение кое Москва негира, иако таа стои на тоа дека има право да ги штити руските интереси во регионот.
Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен објави дека воената алијанса наскоро ќе го финализира пакетот во насока на модернизирање и реформирање на вооружените сили на Украина.
На истиот состанок на НАТО во Брисел, американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел повика НАТО сојузниците да ги подигнат нивните буџети за одбрана поради кризата во Украина. Новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко изјави синоќа во Варшава дека гледа оти цел свет застанал на страната на Украина и нејзината борба за слобода и демократија и дека Крим повторно ќе биде украински. Тој рече и дека Украинците платиле голема цена за нивната желба да и се приклучат на Европа и дека денеска цела Европа ја гледа обединета во поддршката на Украина.
Порошенко ја посети Полска на покана од полскиот претседател, Бронислав Коморовски по повод прославата на 25 годишнината од првите слободни избори во Полска и на средба со американскиот претседател Барак Обама.
XS
SM
MD
LG