Достапни линкови

Пајакот во Куманово селективно собира возила


Илустрација.

Илустрација.

Кумановци се жалат дека пајак службата селективно подигнува неправилно паркирани возила од градот. Во ЈП Паркинг, пак, се бранат дека е нормално да реагира секој чие возило е подигнато.

Во централното градско подрачје во Куманово има обележано паркинг места за паркирање на патничките моторни возила, меѓутоа според Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Паркинг“, граѓаните најчесто ги одбегнуваат поради наплатата. Од неодамна повторно е активирана пајак-службата, за што, пак, кумановци велат дека таа селективно ги одбира возилата и дека не функционира подеднакво во сите делови од градот.
Реално е дека ќе реагира секој граѓани чиешто возило ќе биде кренато од пајак-службата. Пајакот наеднаш може само едно возило да крене, а не десет, а тоа се работи заедно со сообраќајната полиција и по нивна наредба.

„Реално е дека ќе реагира секој граѓани чиешто возило ќе биде кренато од пајак-службата. Пајакот наеднаш може само едно возило да крене, а не десет, а тоа се работи заедно со сообраќајната полиција и по нивна наредба. Во нивно име можам да кажам дека нема нерегуларности“, вели Шабани, на што, пак, граѓаните имаат свои забелешки:

„Ниту овие на паркинг не работат правилно. Некој плаќа, некој не. Не мислам, туку знам.“
Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Паркинг“ - Куманово.

Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Паркинг“ - Куманово.


„Пајак службата работи само на еден дел од градот. Кога одиш накај болница слободно можеш да се паркираш, зашто мислат дека возилото е на некој од албанска етничка заедница.“
Во овој град постои една невидлива граница која кумановци си ја знаат, така што во еден дел од градот важат правилата за паркинг просторот, а во другиот се прогледува низ прсти.

„Немам многу информации, не обрнувам внимание на тоа. Меѓутоа во принцип мислам дека работите не стојат баш во најдобра форма. Мислам дека селективно се подигаат возилата. Во овој град постои една невидлива граница која кумановци си ја знаат, така што во еден дел од градот важат правилата за паркинг просторот, а во другиот се прогледува низ прсти. Зошто е тоа така нека си се запрашаат за тие што се одговорни. Мислам дека и тука работите не стојат најдобро“, сметаат дел од запрашаните граѓани.

Како и да е, во Куманово места за паркирање нема доволно поради секојдневно зголемување на бројот на автомобилите, но и поради некој одреден моден тренд што кумановци последните години го практикуваат. И на куси релации од нивниот дом до центарот на градот сè помалку се движат пеш, а сè повеќе се возат. Не ретко се забележува автомобилите да се паркирани на пешачки патеки во непосредна близина на кафулето, а сообраќајната полиција и пајак-службата да не го регистрираат тоа. Од друга страна, пак, кумановци кои живеат во централното градско подрачје за паркирање на своите автомобили пред нивниот дом месечно плаќаат надоместок.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG