Достапни линкови

Турскиот премиер ги обвини странските медиуми за шпионажа


Taksim

Taksim

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ги обвини денеска странските медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, дека се занимаваат со „шпионажа“ и сакаат да предизвикаат немири во државата. Слуга на Си-Ен-Ен беше уапсен на местото на злосторството, изјави денеска Ердоган во неделното обраќање пред пратениците од неговата Партија на правдата и развојот.
Во саботата во Истанбул се одржаа протести. Дописникот на Си-Ен-Ен Ајвен Вотсон беше приведен во саботата додека „во живо“ пренесуваше извештај од Плоштадот Таксим во Истанбул за големиот број полициски сили распоредени од властите во реонот на плоштадот кои имаа за цел спречување на демонстрации во знак одбележување на годишнината од антивладините протести во Турција во јуни 2013 година.
Дописникот кој беше приведен од цивилни полицајци, брзо беше пуштен на слобода по проверката на документите и доби извинување од полицијата. Полицијата грубо ги задуши во Истанбул и Анкара протестите во кои се вклучија илјадници луѓе и покрај забраната на властите. Стотици демонстранти беа приведени од полицијата.
XS
SM
MD
LG