Достапни линкови

logo-print

Киев одбива да плати "политичка" цена за рускиот гас


Арсениј Јацењук, Киев, 03.06.2014

Арсениј Јацењук, Киев, 03.06.2014

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека Киев е подготвен да ја плати пазарната цена за рускиот гас, но не и политичката. Обраќајки се во парламентот, тој истакна дека Украина ќе го купува рускиот гас по цена од 268 долари за илјада метри кубни, а во никој случај нема да го плаќа по 500 долари, колку што бара Русија од први април. Јацењук додаде дека останува можноста Русија да ја прекине испораката на гас за Украина, што би го нарушило и снабдувањето за Европа.
XS
SM
MD
LG