Достапни линкови

logo-print

Груевски: Не сум зел пари за продажбата на Македонска банка


Инаетењето на СДСМ со невлегување во Парламентот, не носи во губење на препораката од Европската Комисија и тоа ќе биде лошо за сите, но изгледа Заев се уште верува дека на тој начин ќе го сврти јавното мислење кон него, и во него ќе видат спасител кој ќе не врати на вистинскиот пат. Со тоа уште еднаш покажува колку многу го потценува капацитетот на граѓаните.
Ова, меѓу другото, го истакнува премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА.
Груевски во интервјуто тврди дека никогаш не зел еден и пол милион евра кеш, ниту на било кој друг начин, ниту пак помала или поголема сума за продажбата на Македонска банка. Од тука сите други обвинувања кои произегуваат од тоа се невистинити, вели Груевски.
XS
SM
MD
LG