Достапни линкови

Мирчев - Очекуваме интелигентен предлог за името


Мирчев: Очекуваме нов интелегентен предлог од Нимиц за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:14 0:00

Ставовите на двете страни се искристализирани, така што посредникот Метју Нимиц сигурно видел каде се можните солуции и мислам дека сега е до него да даде некој интелигентен предлог кој би бил добра основа за продолжување или, пак, за финализирање на разговорите, вели универзитетскиот професор Димитар Мирчев во интервју за Радио Слободна Европа, во пресрет на посетата на посредникот на ОН на Македонија и на Грција закажана за почетокот на наредниот месец.

Професоре Мирчев, дали вие навистина очекувате дека нешто ќе се случи на крајот на оваа рунда преговори?

Не очекувам ништо драматично да се случи. Овие последни две-три средби и во регионот и во САД, во Њујорк, беа сепак повеќе испитување на ставовите, на евентуалните промени на двете страни, вклучувајќи ја и нашата и не дадоа некои особени резултати, ниту, пак, предлози од посредникот Нимиц. Меѓутоа мислам дека веќе и трпението и очекувањата од НАТО и ЕУ се значително интензивирани во смисла на доаѓање до некое решение. Се разбира кај нас беа изборите, во процес сме на конституирање на нова влада, истото се однесува на Европскиот парламент и изборите за него, односно на конституирање на новата комисија. Се однесува се разбира и на подготовките на кардифскиот самит на НАТО и можеби тоа ќе биде еден импулс, еден поттик за сепак да се дојде до некој предлог за кој посредникот Нимиц би рекол дека е кај двете страни оценет како добра основа за финализирање на разговорите и јас тоа го очекувам и мислам дека е добра прилика оваа посета на посредникот Нимиц.

Мислите дека еве сега по завршувањето на изборите се создадени услови да падне нов предлог?

Мислам да, затоа што неколку пати во посредувањето, во средбите искристализирани се ставовите на двете страни. Посредникот, господин Нимиц сигурно видел каде се можните солуции и мислам дека сега до него е да даде некој интелигентен предлог кој, како што реков, би бил добра основа за продолжување или, пак, финализирање на разговорите.

Колку оваа домашна политичка ситуација овозможува такво нешто?

Мислам дека ситуацијата не е најповолна, меѓутоа се работи за државни ставови. Без разлика на балансот на силите во парламентот, дали некој учествува или не, доколку се дојде до некој рационален предлог од интерес за нашата држава, ќе се најдат можности и опозицијата која е во моментов надвор од парламентот да се консултира и да одобри таков став, така што не верувам дека тоа би било некоја пречка. Тоа истото се однесува и на грчката страна. Без разлика од резултатите од локалните избори, од европарламентарните избори, мислам дека и таму може да се дојде до некој консензус.

Се отвори една тема околу украинската криза и како таа би влијаела врз нашето членство во НАТО. Има од најоптимистички до најпесимистички очекувања. На која страна и припаѓате вие?

Не верувам дека ќе има директен рефлекс на ситуацијата на Македонија во однос на НАТО, иако веројатно е дека НАТО е заинтересиран барем во позадината на тој регион да обезбеди стабилна поддршка, вклучување на повеќе членови, како што е Македонија, Црна Гора, па зошто да не и другите.
XS
SM
MD
LG