Достапни линкови

Студен прием во ОН за руската резолуција за Украина


Предлог резолуцијата поднесена од Русија, која повикува на итен прекин на борбите во источна Украина и хуманитарен коридор, наиде на студен одговор во Советот за безбедност на ОН. Британскиот амбасадор Марк Грант по затворените консултации изјави дека резолуцијата има мала поддршка.
Во меѓувреме, во источна Украина најмалку две лица загинале во експлозија во Луханск, кој е под контрола на сепаратистите. Во околината на градот украинската гранична стража била ангажирана во целодневна битка со сепаратистите кои го нападнале нивното локално седиште.
Инаку, руската и украинската компанија за гас се согласиле да го разгледаат планот според кој Киев треба да го плати неподмирениот долг за гас.
XS
SM
MD
LG