Достапни линкови

logo-print

Европска турнеја на Обама- главна тема Украина


Американскиот претседател Барак Обама отпатува од Вашингтон на 4-дневна турнеја во Полска, Белгија и Франција. Патувањето на Обама доаѓа во време на постојани борби во источна Украина меѓу украинските безбедносни сили и проруските сепаратисти. Во Варшава тој ќе се сретне и со новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко.
Во Белгија Обама ќе има разговори со лидерите на другите земји од групата 7. Групата ќе дискутира за начините Европа да престане да биде зависна од руските енергетски извори, како и за можните идни санкции спрема Москва.
Потоа Обама ќе отпатува за Франција на одбележување на 70- годишнината од Денот Д, односно од инвазијата врз Нормандија. Рускиот претседател Владимир Путин исто така ќе присуствува на одбележувањето. Белата Куќа соопшти дека Обама нема да одржи формална билатерална средба со Путин, иако се очекува двајцата лидери да имаат некаков контакт.
XS
SM
MD
LG