Достапни линкови

Шведска ќе додели 400 милиони евра за 4 балкански земји


Шведска ќе одвои 400 милиони евра до 2020 година за Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово за спроведување реформи неопходни за влез во ЕУ, изјави шведскиот амбасадор во БиХ Фредрик Шилер. Тој нагласи дека средствата ќе бидат наменети за реформи на администрацијата и правосудството, како и за гарантирање на човековите слободи и права.
Шилер истакна дека при распоредувањето на средствата во периодот од 2014 до 2020 година ќе бидат земени предвид штетите што Србија и БиХ ги претрпеа по поплавите во регионот.
XS
SM
MD
LG