Достапни линкови

logo-print

Песочна бура го погоди Техеран- 4 загинати


Најмалку 4 лица загинале, а 30 се повредени во песочната бура која вчера го погоди иранскиот главен град Техеран. Новинските агенции јавуваат дека бурата беснеела во градот со ветер чија брзина достигнувала повеќе од 110 километри на час. Невремето предизвикало прекин на снабдувањето со електрична енергија во неколку квартови и урнало многу дрвја.
Државната телевизија јави дека биле одоложени меѓународните летови, а на автопатот јужно од Техеран се случил верижен судар во кој учествувале 20 возила. Властите бараат децата, возрасните и оние со здравствени проблеми да не излегуваат од домовите.
Бурата погодила и делови во централен Иран, но засега нема информации за некаква штета.
XS
SM
MD
LG