Достапни линкови

Попис веднаш, повикува граѓанскиот сектор


Граѓанските сектор и експертите предупредуваат дека е потребно итно да се спроведе попис, откако во 2011 година оваа статистичка операција беше прекината од политички причини. Податоците од пописот се важни за да се знае колку училишта треба да се градат, колку луѓе се иселиле или какви развојни политиките треба да се спроведуваат.

Пописот е потреба што има примена во секојдневниот живот на граѓаните и затоа треба што поскоро да се спроведе. Ова го порачуваат експертите и граѓанскиот сектор, три години по прекинувањето на најголемата статистичка операција во Македонија. Четири граѓански организации во Тетово ја започнаа првата од серијата јавни дебати со цел да се поттикне спроведувањето на попис.
Исто така не знаете какви образовни политики треба да развивате. Какви институции образовани треба да отворите, колку основни училишта, колку средни училишта.
Билјана Бејкова, Инфоцентар.


Билјана Бејкова од Инфоцентар вели дека треба да акцентот не треба да се става на етничките бројки, што беше причина пописот да биде прекинат. Поважно е да се потенцира употребата на податоците од пописот во сите општествени области, вели Бејкова.

„Не можете да спроведете на пример успешна политика за регионален развој ако немате попис на население. Исто така не знаете какви образовни политики треба да развивате. Какви институции образовани треба да отворите, колку основни училишта, колку средни училишта. Исто така не знаете ако не следите какви се миграциите. И од економски развој исто така, развој на инфраструктура, развој на транспорт. Тешко дека ќе можете избирачкиот список да го сметате за релевантен“, објаснува Билјана Бејкова.
Ранливите групи, тие кои се на маргините на општеството, ги немаме, ги немаме по бројки, ги немаме по статистики, а ги немаме ни во развојни политики. Никој не мисли на нив.
Афердита Хаџијаха Имери, експерт за социјална вклученост.

Социјално и општествено загрозените групи на лица се најпогодени во состојба без попис,. Без да се знае кои се и колку се ваквите групи никој нема да им помогне, вели Афердита Хаџијаха Имери, експерт за социјална вклученост.

„Останатите се помоќни групи, кои преку свои лоби интереси, било бизнис, било други политички ќе се изборат за свои права. Ранливите групи, тие кои се на маргините на општеството, ги немаме, ги немаме по бројки, ги немаме по статистики, а ги немаме ни во развојни политики. Никој не мисли на нив“, потенцира Афердита Хаџијаха Имери

Љупчо Петковски од Македонски центар за европско образование, кој учествувал во составување на анализата на проектот, посочува конкретен предлог до политичките елити на двете најголеми етнички заедници како да ги надминат недоразбирањата околу пописот. Потребен е џентлменски договор во кој би се премостиле можностите за политизација на пописот.

„Доколку пописните податоци покажат дека Албанците се повеќе од 25 проценти за разлика од претходниот попис, Албанците би се обврзале, дека нема да бараат повеќе права од оние кои ги уживаат. Доколку пак пописот покаже дека Албанците се помалку од 20 проценти тогаш македонските елити не ги проблематизирала правата кои се веќе стекнати“, предлага Петковски.

По Тетово дебатите насловени „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“ ќе се спроведуваат и во други градови низ Македонија.
XS
SM
MD
LG