Достапни линкови

logo-print

Палестинска влада на национално единство


Новата палестинска влада на национално единство до која дојде по договорот меѓу двете палестински фракции денеска положи заклтева. Потегот е со цел да се стави крај на седумгодишниот спор меѓу исламистичкото движење Хамас и Палестинската ослободителна организација во која доминира секуларната партија Фатах на претседателот Махмуд Абас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека новата влада ќе му служи на Хамас како позиција за спроведување тероризам. Хамас кој е на листата на терористички организации на Соединетите држави и Европската унија во 2007 година ја презеде контролата врз Газа од силите на Фатах.
XS
SM
MD
LG