Достапни линкови

Загинати и ранети во денешните борби во Украина



Украинската гранична служба соопшти дека седумина нејзини припадници биле ранети, некои во критична состојба, во денешниот бунтовнички напад врз нивната база во источна Украина. Службата наведува дека притоа биле убиени петмина напаѓачи, додека осумина биле ранети. Претставник на проруските сепаратисти пак изјави дека во борбите бил ранет само еден нивен припадник. Нови борби меѓу владините сили и сепаратистите денеска избувнале и во Словјанск.
XS
SM
MD
LG