Достапни линкови

Министерствата поделени, а кај и да е и министрите ќе се знаат


Според некои информации, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе си ги поделиле министерските позиции, а сега се договораат кадрите што ќе ги раководат.

Привршуваат преговорите за сите фази. Ова е краткиот одговор што го даваат од ДУИ на прашањето до каде е формирањето на новата влада. Според некои информации министерствата се веќе поделени, а сега се договораат кадрите што ќе ги раководат.
Кадровските решенија секако се во преден план и мислам дека тоа е рефлексија на актуелната ситуација што ја имаме во моментот со бојкотот на опозицијата.
Во меѓувреме додека траат разговорите главните брифинзи од партиските претставници се околу кадровските решенија и распределбата на министерствата, а не за новата програма или агендата по која би се раководел владиниот кабинет.

Според партиски извори платформата била договорена и пред поделбата на ресорите, но не беше обелоденета во јавноста. Извори од најголемата владејачка партија претходно брифираа дека ДУИ инсистирале на етнички теми, а ВМРО ДПМНЕ на економски.

И Владимир Мисев од Институтот за демократија Социетес Цивилес смета дека програмата е оставена на маргините на преговорите, но очекува таа да биде продолжение на агендата на претходниот состав. Според него, посебен акцент во наредниов период би требало да се даде на евроинтеграциите и на економијата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски



„Кадровските решенија секако се во преден план и мислам дека тоа е рефлексија на актуелната ситуација што ја имаме во моментот со бојкотот на опозицијата. Секогаш е поинтересно да го отргнете јавното внимание со персонализирани дискусии и разговори околу она што би бил следен состав на Владата на Република Македонија отколку луѓето да размислуваат за тоа кои би биле програмите или политиките на следното раководство на владата “ вели Мисев.
Мислам дека не се кадровските решенија во фокусот колку што се министерствата затоа што преку нив идните коалициски партнери ќе се трудат да ги потенцираат повеќе програмските решенија што се во нивните индивидуални програми за да се вклучат во заедничката владина програма.


Аналитичарот Алберт Муслиу пак вели дека има разлика во обраќањата на лидерите на партиите и на партиските кадри кој брифираат. Првите во јавните обраќања вели тој вообичаено зборуваат за програмите, а бриферите пак за распределбите на министерските места и за тоа чиј кадар ќе ги раководи.

„Мислам дека не се кадровските решенија во фокусот колку што се министерствата затоа што преку нив идните коалициски партнери ќе се трудат да ги потенцираат повеќе програмските решенија што се во нивните индивидуални програми за да се вклучат во заедничката владина програма“ смета Муслиу.

Инаку тимовите на Груевски и на Ахмети имаат само уште неколку дена за преговори оти 8 јуни е крајниот рок до кој мандатарот до Собранието треба да го достави предлогот. Партиски извори велат дека Груевски најверојатно викендов ќе го стори тоа. Потоа претседателот на парламентот во рок од 15 дена треба да закаже седница за избор на новиот владин состав.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG