Достапни линкови

Русија ја одложи однапред наплатата на гасот за Украина


Руската компанија Газпром објави денеска дека за 9 јуни го одложи однапред наплаќањето на испораките на гас за Украина. До ова дојде откако од Киев биле добиени 786 милиони долари што Украина и ги должеше на оваа компанија. Русија се закануваше дека од утре ќе почне со унапред исплаќање на гасот за Украина. Преговорите меѓу Москва и Киев за цената на рускиот гас продолжуваат денеска во Брисел.
XS
SM
MD
LG