Достапни линкови

Најмногу коментари за интервјуто со Милошоски


Изјавата за спорот со името со Грција на поранешниот министер за надворешни работи, Антионио Милошоски во неделното интервју е најкоментирана од читателите во изминатата недела.

Поранешната шефица на грчката дипломатија ми кажа дека Атина ќе ги преземе сите можни чекори и дејства Македонија да не стане членка на ЕУ, пред тоа стане Србија. Оваа изјава на поранешниот министер за надворешни Антонио Милошоски дадена во неделното интервју за Радио Слободна Европа на македонски јазик предизвикала прилично многу реакции кај вас, почитувани.
Па нели опозицијата и другите ’платеници‘ се криви, кочат, далавери прават, а Бакојани уште одамна ти кажала во што е работата.
Коментар од читател.


Перо од Скопје, нарекувајќи го „дете од шаторот“ се чуди зошто Милошоски ова не му го кажал на својот шеф и на главните труби медиумски, како што вели. „Јас сум збунет. Па нели опозицијата и другите ’платеници‘ се криви, кочат, далавери прават, а Бакојани уште одамна ти кажала во што е работата“, коментира Перо.


Пиле го потсетува Милошоски, кој смета дека некоја од големите сили треба да се вклучи во решавањето на спорот со Грција, дека пред локалните избори лани била вклучена ЕУ преку еврокомесарот Филе, а сега се настојувало да се обвини ДУИ за брзање при решавање на спорот, а никако ДПМНЕ и другите од државниот врв во меѓувреме да одговорат на некои суштински прашања. „Ликот и делото на Милошоски треба да се овековечат со споменик на плоштадот во Скопје“, завршува со иронија Пиле.
Ние немаме никакви карти за играње, а тие го имаат целиот шпил. Можеме што сакаме да смениме, а Грција секогаш може да крене два прста и да стави вето како ништо да не било.
Коментар од читател.


Братцко ги обвинува македонските политичари дека мислеле само на личниот интерес и дека затоа младата популација им одговара со зголемена емиграција во ЕУ, САД, Канада и Австралија и тоа ќе продолжи сè до тотално иселување, „па нека ви е Македонија таква каква што си ја сакате“, резигнирано порачува Братцко.

Анонимен ја обвинува владата за тајна дипломатија и нетранспарентност спрема своите граѓани, а дека Милошоски си зема за право да насочува кон меѓудржавна нетрпеливост како оправдување за неуспехот на патот кон евроатлантските интеграции.

Гоце Македонски од Ресен им порачува на македонските политичари во европските институции јасно и гласно да кажат МАКЕДОНИЈАААА - ЕРГА ОМНЕС, а не да бараат помош од некоја голема сила. МКД и натаму е скептичен: „Ние немаме никакви карти за играње, а тие го имаат целиот шпил. Можеме што сакаме да смениме, а Грција секогаш може да крене два прста и да стави вето како ништо да не било“.

Македонија постојано нешто чека, а дали некој ја чека Македонија - е насловот на нашиот текст, по кој исто така Гоце Македонски од Ресен напишал дека „чекањето убива, македонската демократија навистина не е зрела, а неучеството на опозицијата во Парламентот е лошо“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG