Достапни линкови

Барак Обама на европска турнеја


Барак Обама за време на четиридневната европска турнеја која почнува денеска, ќе престојува во Полска, Белгија и Франција. Тој во Варшава ќе се сретне со новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко што е на три дена пред и официјално да биде инаугуриран на таа функција.

Невообичаено е американски претседател да се сретне со шеф на некоја држава пред тој да ја преземе функцијата. Барак Обама во Варшава ќе биде на 3 и 4 јуни, додека Петро Порошенко и официјално станува претседател на Украина на 7 јуни.
Претседателот ќе одржи билатерална средба со избраниот украински претседател Порошенко. Ова е важно време Обама директно да ја потврди нашата посветност кон народот на Украина.

„Претседателот ќе одржи билатерална средба со избраниот украински претседател Порошенко. Ова е важно време Обама директно да ја потврди нашата посветност кон народот на Украина“, изјави Бен Родс, заменик советник за Национална безбедност на Белата куќа кој прецизира дека Полска исто така поканила некои лидери на татарската заедница на Крим кои ќе бидат дел од настаните на кои ќе учествува и претседателот Обама.

„Многу сме загрижени за правата на кримските Татари, особено по извештаите дека нивните основни човекови права не се почитуваат“, вели Родс.

Откако Русија го анектира Крим од Украина, Обединетите нации документирале случаи на физичко малтретирање и забрани за кримските Татари.
Многу сме загрижени за правата на кримските Татари, особено по извештаите дека нивните основни човекови права не се почитуваат.

Меѓу другото, јавниот обвинител на Крим се закани и дека ќе го укине Народното собрание на Татарите.

Во Варшава, Барак Обама и неговиот домаќин, полскиот претседател Бронислав Коморовски ќе учествуваат на средбата со лидерите на земјите од Источна и централна Европа, меѓу кои од Буграија, Хрватска, Чешка, балтичките земји, Романија и Словачка.

Родс вели дека ова е дел од пошироките напори на Обама за заживување на НАТО и да ги истакне американските гаранции за сојузниците по кризата во Украина.

Поради нарушените односи меѓу Москва и Вашингтон, Белата куќа соопшти дека Обама нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Ова беше објавено и покрај потврдите од Вашингтон и од Москва дека и Обама и Путин ќе присуствуваат на комеморативната церемонија во Нормандија, Франција, на 6 јуни по повод 70 годишнината од сојузничката инвазија во Втората светска војна.
Претходно, Обама во Брисел ќе учествува на самитот на Г7 на кој бидат уште и лидерите на Британија, Канада, Франција, Германија, Јапонија и Италија.

Овој собир првично беше планиран како Г8 и требаше да се одржи во руското одморалиште Сочи на Црно море.

Но, по руската анексија на Крим тоа беше презакажано за Брисел. Обама и другите светски лидери се решени да го прекинат руското учество во групата како одговор на инволвирањето на Москва во украинската криза.

Групата седум ја приклучи Русија во своите редови во 1998 година откако спроведе извесни политички и економски реформи.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека истерувањето на неговата земја не претствува голема несреќа:

„Можеби е добро за нас да видиме како е да се живее и без да бидеме членка на Г7“, оцени Лавров.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG