Достапни линкови

Земјотрес во Лос Анџелес


Американскиот Геолошки институт соопшти дека земјотрес со сила од 4,2 степени го погоди западниот дел на Лос Анџелес. Новинските агенции јавуваат дека немало извештаи за штети или жртви. Калифорнија се наоѓа на таканаречениот „оген прстен“ околу Пацификот каде што земјотресите се многу честа појава. Сеизмолозите предвидуваат дека во наредниве 30 години е можно Калифонија да биде погодена од земјотрес кој би предизвикал големи штети.
XS
SM
MD
LG