Достапни линкови

Напад врз украински граничари


Украинската гранична служба соопшти дека неколкумина нејзини припадници биле ранети во напад на бунтовниците. Во соопштението се наведува дека стотина вооружени бунттовници изутрината го нападнале контролниот граничен пункт во близина на Луганск. Веднаш потоа дошло до престрелка по што како поддршка на украинските граничари бил повикан и борбен авион. Конфликтот меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти во Источна Украина ескалираше во минатата недела откако сепаратистите се обидоа да го заземат аеродромот во Доњецк и по уривањето на хеликоптер при што загинаа 14 украински војници.
XS
SM
MD
LG